За некого најдобар начин да го заврши денот е со една чаши виски. Љубителите на овој пијалок со подлабок џеб можат да си дозволат некое поскапо виски, стоено и со децении пред да биде пуштено во продажба. Ова е листата на 10 најскапи видови на виски.
10. Chivas Regal Royal Salute, 50 години старо – 10.000 долари
За да го прослави златниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, Chivas Regal пушти во употреба посебен вид на виски наречен Chivas Regal Royal Salute.
9. Macallan 1939 – 10.125 долари
Macallan 1939 е едно од трите видови на виски на компанијата Macallan кое се смета за ретка и добра колекција. Ова виски во споредба со Macallan 1946 и Macallan 1926 има пониска цена, што го прави подостапно за љубителите на виски.
8. Glenfarclas 1955 – 10.878 долари
Во 1955 година, за да му оддаде почит на своето семејство за успешно водената виски компанија која ја купиле во 1865 година, Џон Грант рачно спакувал виски во дрвено буре кое го чувал се до 2005 година, кога и било флаширано во 110 шишиња.
7. Dalmore 50 години старо – 11.000 долари
Овој вид на виски се смета за едно од најдоброто кое некогаш било направено. Вискито прво било ставено да се дестилира во 1920 година, а флаширано во 1978 година.
6. Macallan 55 години старо – 12.500 долари
Овој вид бил дестилиран во дабови буриња и во нив бил чуван 55 години. Интересно за неговата амбалажа е што наликува на шише парфем.
5. Glenfiddich 1937 – 20.000 долари
Ова е една од најретките колекции на Glenfiddich. Била ставена да се дестилира во 1937 година, а вискито било флаширано дури во 2001 година. Вискито било продадено на хуманитарна аукција во Њујорк во 2006 година.
4. Dalmore 62 Single Highland Malt Scotch Matheson – 58.000 долари
Ова виски е мешавина од четири видови на виски кои биле дестилирани во различни години. Само 12 шишиња се направени во 1942 година и на секое од нив им е дадено уникатно име. Најскапо е Matheson, чие име е дадено по сопственикот на имотот каде е создадено.
3. Macallan 1926 – 75.000 долари
Ова е најстарото виски на Macallan. Дестилирано е во 1926 година, а флаширано во 1986 година. Продадено е во 2005 година на јужнокорејски бизнисмен.
2. Glenfiddich Janet Sheed Roberts Reserve 1955 – 94.000 долари
Glenfiddich Janet Sheed Roberts Reserve 1955 е посветено на внуката на основачот на компанијата Вилијам Грант, која починала на возраст од 110 години. Компанијата решила да и оддаде чест со тоа што создава виски со нејзиното име. Од оваа колекција постојат само 15 шишиња.
1. Macallan 1946 – 460.000 долари
Ова виски е едно од ретките кое не е печено на јаглен, бидејќи во времето кога е создавано, поточно Втората Светска Војна, цената на јагленот била премногу висока. Macallan 1946 се смета за најдоброто виски некогаш направено.