Највисоката зграда во регионот, West 65, ќе биде готова во 2021 година

265

Србија, односно Нов Белград, за две години ќе го добие највисокиот деловно – станбен комплекс во регионот, зад чијашто изградба стои компанијата PSP-Farman Holding, пишува Екапија.

Минатата година започна изградбата на втората фаза којашто ја опфаќа зградата, односно West 65 Tower, a од есенва ќе започне да се гради и трговскиот центар или West 65 Mall. Нивната вкупна површина изнесува 53.436 метри квадратни. West 65 Tower ќе биде висока 155,3 метри, а ќе располага со 40 ката.

На површина од 40.346 метри квадратни ќе бидат сместени 294 луксузни станбени единици, а станарите на располагање ќе имаат приватно кино, градина, велнес и спа центар со базен, 24-часовна рецепцијa, обезбедување и друго.

West 65 Tower се очекува да биде готова кон крајот на јуни 2021 година.

Фото: Facebook