Намален бројот на одобренија за градење во ноември

61

gradeznici-pixabay-580x387

Фото: Pixabay

Во ноември 2017 година се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење предвидената вредност на објектите изнесува 1. 633. 303. 000 денари, што е за 72.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61,1%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7%) за објекти од нискоградба и 73 (31,9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 229 објекти, на 168 (73,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29.819 метри квадратни.