Намалена вкупната вредност на договорени градежни работи во странство

37

Фото: Pexels

Во периодот јануари – септември 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 1.207.941.000 денари, што е за 40,3% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.153.349.000 денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина, Холандија и Србија.