Намалена вредноста на договорените градежни работи во странство

39

Фото: Pixabay

Вредноста на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – декември лани, изнесува 1.282.970.000 денари, што е за 36,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.280.950.000 денари, што е за 6,5% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Холандија и Србија.