Намалени девизните резерви во април

45

Вкупните девизни резерви на крајот на април изнесуваат 1.889.190.000 евра, што во споредба со претходниот месец, кога истите биле 1.941.190.000 евра, е намалување за 52.000.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во вкупниот обем на девизни резерви најголем дел отпаѓа на хартиите од вредност, кои на 30.04.2014, изнесуваат 1.690.800.000 евра, што во споредба со претходниот месец, значи зголемување од 8.019.000 евра.

На крајот на април “се стопило“ и монетарното злато, бидејќи истото било на ниво од 203.900.000 евра, што во споредба со претходниот месец, значи намалување за 1.310.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.