Фото: Pexels
Индустриското производство во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи опаѓање од 3,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,1%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на облека, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4% додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Капитални производи за 2,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 14,2%.
Индустриското производство во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на периодот јануари – јули 2016 година, е зголемено за 0,7%.