Фото: Pixabay
Храната може да биде и отров и лек, треба само да знаете кога, како и кои намирници да ги употребувате. Помеѓу изобилието на здрава храна, челно место заземаат:
Лук
Лукот е докажана намирница што помага при многу болести и го зајакнува имунитетот. Заборавете на миризбата и внесете го лукот во секојдневната исхрана.
Брокула
Брокулата најдобро е да се јаде варена на пареа, за да можат максимално да се искористат нејзините благотворни својства.
Домати
Ги имаме во изобилие, а истражувањата велат дека се моќно оружје против развој на рак на простата.
Лосос
Омега три киселините со коишто изобилува оваа морска риба се многу моќни во борбата против ракот на дојка.
Магдонос
Според едно истражување спроведено во Мисури, магдоносот го забавува развојот на канцерогените келии. Задолжително внесете го сув или свеж во вашиот оброк.
Јаткасти плодови
Хранливи, вкусни и корисни за телото и борбата со најтешките болести. Клучот е само да не се претерува. Неколку јатки ореви, лешници, бадеми, ’фстаци можат да направат чудо.