Нашата земја на 33-то место во светот според економската слобода

45

Според фондацијата Heritage Северна Македонија е рангирана како 33-та во светот според индексот на економска слобода за оваа година.

Нашата земја е најдобро позиционирана на регионално ниво со резултат 71,1. По неа следуваат Бугарија на 37-то место, Косово на 51-во, Албанија на 52-ро, Србија е 69-та, БиХ 83-та, Хрватска е на 86-то место, Црна Гора е 92-ра, а Грција 106-та.

Индексот на економски слободи се изработува врз основа на четири критериуми – владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.

Најголема економска слобода во светот имаат Хонг Конг, Сингапур и Нов Зеланд, а најмала Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Северна Македонија е на 17-то место од 44 земји во Европа. Според индексот целокупната оценка земјава е над регионалниот и светскиот просек.

Фото:Pixabay