Народната банка на Македонија ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2% и за наредната година до 3,5% информираат од НБРМ. Носечки фактори за растот во 2018 година се извозот, инвестициите и личната потрошувачка. Проекцијата за инфлацијата исто така останува на 2%.
Се очекува депозитен раст од 6,4% и 6,5% за 2018, односно 2019 година, наместо претходно предвидените 6,1% и 6,3%. За 2018 и 2019 година се очекува кредитен раст од 6,5% и 7,7%, соодветно, при што банкарскиот систем и натаму е стабилен, ликвиден и висококапитализиран.
Општо земено, проекциите упатуваат на потенцијал за солиден раст на домашната економија, поддржан и од кредитната активност на банките, отсуство на инфлациски притисоци, како и задржување на поволната надворешна позиција.
Народната банка, информираат оттаму, и натаму внимателно ќе ги следи движењата, заради навремено и соодветно приспособување на монетарната политика кон промените во домашниот и надворешниот амбиент.