НБРМ му даде согласност на Т-мобиле за микроплаќање

53

t-mobile-iphone-5 Народната банка на Република Македонија му издаде согласност за вршење микроплаќање на операторот Т-Мобиле Македонија АД Скопје.
Со микроплаќањето, како што се наведува во денешното соопштение од НБРМ, се овозможува плаќање производи и услуги преку мобилен телефон, во поединечен износ од 1.000 денари, но не повеќе од 6.000 денари во текот на еден месец.
Условите за микроплаќањето ќе бидат регулирани со договорите за микроплаќање.