Во сиот метеж со коронавирусот, една златарница привлече внимание со својата необична понуда.
Златарата Jared Jewellery од Лас Вегас продава ролна тоалет хартија за 3.999 долари. За дополнително да ја “зачини“ оваа необична понуда со тоалетот хартија златарата подарува веренички еднокаратен дијамантски прстен.
Инспирацијата за оваа шеговита понуда доаѓа откако на eBay се продаваше тоалетна хартија по цена од 6.000 долари.
Паничното купување на тоалет хартија се прошири ширум светот. Покрај стравот од изолација поради Ковид -19, полиците во супермаркетите се празнат и масовно се купуваат основни намирници.
Некои од маркетите воведоа и ограничување на купување на одредени намирници.
Фото: Facebook