НЛБ Банка: Известување за исплата на пензии

136

НЛБ Банка информира дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, ќе биде извршена на 01.04.2024 (понеделник).

Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, на 01.04.2024 (понеделник) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време.

Ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.