НЛБ Банка со нови кредитни и депозитни продукти

39

nlb-banka-novo-logo

Почнувајќи од 10-ти овој месец, НЛБ Банка воведе нови девизни депозитни продукти за физички лица. Новите депозитни продукти се со рочност до 60 месеци, при што депозитите со рочност до 36 месеци имаат фиксни каматни стапки, додека каматните стапки кај депозитите на 48 и 60 месеци се варијабилни и поврзани со 6-месечен ЕУРИБОР.

Воедно, воведени се и нови кредитни продукти за физички лица, кај кои наместо досегашната променлива каматна стапка ќе се применува варијабилна каматна стапка поврзана со 6- месечен ЕУРИБОР.

Исто така, почнувајќи од 10.07.2017 год. НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки кај дел од кредитните продукти за правни лица. Намалувањето на каматните стапки се движи од 0,2 до 1 процентен поен и се однесува за сите новосклучени договори за кредит.