“Ноќни“ панели ќе произведуваат струја во темнина

306

Соларните панели ја користат сончевата енергија за да ја претворат во струја, но штом го снема и последниот сончев зрак тие технички престануваат со работа. Група научници од Калифорнија тврдат дека пронашле начин како да се произведува електрична енергија штом се стемни, пишува CNN.

Џереми Мандеј, професор на Универзитетот за компјутерско инженерство во Калифорнија, тврди дека работи на прототип на плочи што работат во вечерните часови.

Принципот на работа на овие “ноќни“ панели е различен од оној на обичните соларни. Па така, соларните панели се “студени“ предмети коишто се позиционираат кон топлите сончеви зраци со цел да ја апсорбира и акумулира топлината од нив. Со панелите на Мандеј, ќе биде обратно, тие ќе бидат загреани и ќе се насочат кон ноќното небо. Предметот што е загреан во однос на неговата околина ќе зрачи со поголема топлина како инфрацрвените зраци.

Прототипот на Мандеј веќе произведе 50 вати електрична енергија на метар квадратен, што е само 25% од она што го произведуваат традиционалните соларни панели во текот на денот.

Фото: Pexels