Нов опасен вирус-порака е закана за WhatsApp, но и за целиот телефон

47

Фото: Pixabay

Се појави нова вирална порака што го напаѓа WhatsApp и предизвикува пад на апликацијата, но и на целиот систем на паметните телефони.

Digital Trends пишува дека ваквите злонамерни пораки содржат скриени симболи во празниот простор помеѓу зборовите од текстот и доколку стиснете на дел од текстот, симболите се шират во апликацијата и таа се блокира.

Досега корисниците пријавиле  дека вакви пораки успеале да срушат цела верзија на   WhatsApp и за Android и за iOS, но комплетно паѓање на оперативниот систем се има случено само кај Android телефоните.

Овие “пораки – бомби”, засега се идентификувани во форма на црна точка, што го предупредува корисникот што ќе се случи ако ја стиснеш, додека, пак на другата пишува “This is very interesting” и има емотикон со насмеано лице (смајли) покрај себе.