Нов проект на Римац – електричен велосипед со најголем домет на светот

99

greyp-e-bike

Хрватската компанија Rimac automobili и основачот Мате Римац, за летото 2017 година го најавија Greyp G12H, односно третата генерација на најбрзиот е-велосипед на светот. Претходната верзија G12S имаше домет од 120 километри и максимална брзина од 70 километри на час.

G12H нема да биде побрз, но со едно полнење на батеријата ќе може да помине дури 240 километри на час. Максималната брзина е спуштена на 45 километри на час.

Новиот модел е наменет за секојдневна употреба, а цената сè уште не е позната. Претходниот модел G12S чини околу 9.400 долари.