Авиокомпанијата Emirates испробува нова тактика за пополнување на авионите: покривање на медицинските трошоци на патниците кои се наоѓаат на дадениот лет.
Тоа е единствен начин да се врати довербата на луѓето во воздушниот сообраќај, а овој превозник со седиште во Дубаи одлучи дека покривањето на трошоците за лекување на заболените од Ковид-19 се однесува на сите кои се далеку од дома.
Инаку, Emirates е специјализирана за летови на долги релации, што во моментов е катастрофално за нивното работење. Луѓето тешко дека го напуштаат својот град, а камоли државата или континентот.
Компанијата во текот на 14 дена потребни за карантин, ќе ги плати трошоците на пациентот – до 150.000 евра и трошоци за изолација кои изнесуваат 100 евра на ден, се вели во соопштението.
Понудата важи до 31 октомври и е бесплатна за сите корисници на нивните услуги, без оглед на избраната класа за време на летот или дестинацијата. Маските се задолжителни во авион, како и негативен тест на корона пред летот.
“Луѓето бараат флексибилност и безбедност при летање, во случај да се случи нешто непредвидено. Знаеме дека тие копнеат да летаат, затоа што границите ширум светот постепено се отвораат“, соопштија од Emirates.
Фото: Pixabay