На денот на отворањето на новиот трговски центар Capitol Mall во Аеродром, Македонски Телеком отвора нова продавница. Новата продавница е една од трите во Македонија која нуди мултимедијално искуство за корисниците. Станува збор за нов продажен концепт, кој засега го има само во продавниците во City Mall и во Велес.
Продавници од овој тип, до сега се отворени во Унгарија, Холандија и Германија. Македонија е четврта земја во европскиот регион, која го воведува овој продажен концепт.
Целта на концептот е преку интерактивно истражување и забава корисниците да се запознаат со телекомуникациските услуги и решенија на познатите брендови T-Home и T-Mobile. Станува збор за сосема ново мултимедијално доживување, преку кое корисниците најлесно ќе го најдат она што им одговара, стои во соопштението од компанијата.