Фото: Novartis
Швајцарската фармацевтска компанија Novartis ја купува француската компанија Advanced Accelerator Applications (AAA) за 3,9 милијарди долари, пишува Reuters.
Француска компанија е специјализирана за нуклеарна медицина каде користат радиоактивни супстанции за откривање и лекување тумори, а со овој договор Novartis ќе ги зајакне своите онколошки бизниси.
Преземањето ќе му даде на Novartis пристап до производот Lutathera, којШто Европската унија го одобри во септември за лекување на рак на дигестивниот тракт.