Нови туристички трендови во САД: Што ќе кажете за пица тура?

94

pizzaКулинарството и гастрономскиот туризам не се ништо ново, меѓутоа во САД се појавуваат нови форми на организирани туристички тури на задоволство на љубителите на пица… Се почесто мали специјализирани компании им нудат на туристите “пица тури”, јавува АП.

Чикаго, Бостон, Њујорк и Милвоки се само некои од градовите каде што има вакви необични тури. За цена од 50 до 100 долари, туристите можат неколку часа да уживаат во најдобрите локални пицерии.