Листата на говорници на Втората годишна конференција за е-трговија под наслов Бизнис раст со е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, успеа да се комплетира со звучни имиња, меѓу кои реномираните меѓународни експерти во е-трговијата, Скот Рифер и Џејми Пит, кои располагаат со експертиза и искуства, вредни да бидат слушнати.
Како новиот Пат на Свилата влијае врз економиите на Балканот? Како локалните играчи можат да напредуваат и да се натпреваруваат со глобалните лидери во е-трговијата? Одговорите на овие прашања ќе бидат презентирани од страна на Скот Рифер од САД, кој е советник во The Associated Press, директор на Nanigans & ShopPad Inc и експерт за маркетинг канали за е-трговија (Е-commerce Marketing Funnels). Рафер после повеќе од 20 години раководење на стaртапи за софтвер, сега работи на создавање партнерства за иновации помеѓу неколку големи стартапи во електронската трговија и логистиката со оператори низ целиот свет, кои учат како да се натпреваруваат со Amazon, Alibaba и Tencent/JD/Walmart. Тој е ко-основач, директор и/или набљудувач на одборот во Mashery (купен од Intel), MyBlogLog (купен од Yahoo!), Flow.space, Shiphawk, Shippabo, Nanigans, Newswhip, ShopPad и Zemanta (купени од Outbrain).
Друг познат говорник на конференцијата е и Џејми Пит, кој моментално е глобален директор на малопродажна стратегија за McCann Worldgroup, а воедно, е и директор за ефективност за McCann Worldgroup Велика Британија. Тој е одговорен за спроведување на глобалната CPG и продажна пракса која има за цел да ги поддржи, промовира и споделува најдобрите размислувања, пристапи и практики за продажба на глобално ниво. Во 1991 година, Џејми ја формира Blue Banana, агенција за увид (insight) и иновации и работи со брендови како Persil, Dove, Cif, Flora, Clearblue, Marks and Spencer и Kelloggs, како на национално, така и на меѓународно ниво. Во 2010 година, Blue Banana станува дел од McCann Manchester, каде станува главен и одговорен на одделот за стратегија и дел од раководниот тим за Aldi. Темата на неговиот говор на конференцијата за е-трговија е Раст со иднината на трговијата.
Покрај овие теми, агендата на Втората годишна конференција за е-трговија вклучува презентации поврзани со градење на брзорастечки бизнис за е-трговија низ докажан план во 7 фази, како електронските продавници можат да ги искористат придобивките од органските (бесплатни) посети, раст со податоци преку А/Б тестирање, мапирање на пазарот на е-трговија и презентирање на ексклузивни резултати од истражувањето колку тежи е-трговијата во РС Македонија. Дел од конференцијата ќе бидат панел дискусии на теми во врска со проблемите и придобивките на локалните е-пазари и иновативност во е-трговијата како глобална експанзија од дома, како и “fireside“ разговори со претставници од Halk Bank, Vip и Dijaspora.Shop.
Втората конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат најдобрите совети од реномирани меѓународни и домашни експерти за раст и развој на бизнисот преку користење на придобивките на електронска трговија, а истата ќе се одржи на 25 октомври 2019 во Double Tree by Hilton, Скопје. Картите се веќе во продажба, а до 15.09. можат да се набават Early Bird карти, кои се во ограничени количини и се со промотивна цена од 79 евра (+ ДДВ).