Од денес ограничување на пловидбата на скутери и чамци на езерата

45

ohrid

Фото: Ohrid.gov.mk

Од денес почнува ограничувањето на пловидбата на чамци и скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Ограничувањето за чамци важи во периодот од први јули до 31 август во времетраење од 21 до пет часот секој ден, додека ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за периодот од први јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот секој ден.

Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се констатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност, заштита на животната средина и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија.