Фото: Pixabay
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на Еуросупер БС- 98 изнесува 63,50 ден/лит, додека на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,516 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,197 ден/кг.