Од полноќ горивата со повисоки цени

72

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за два денари и неговата нова цена ќе биде 69,50 денари за литар, додека бензинот Еуросупер БС – 98 ќе биде поскап за 2,50 денари и ќе се продава по 72 денари за еден литар.

Цената на дизелот Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 64 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), исто така, поскапува и тоа за еден денар за литар и следните седум дена ќе чини 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,393 ден/кг и новата цена ќе биде 34,034 ден/кг.

Фото: Pixabay