Од први март изедначување на цените во фиксната телефонија

56

GSM_Fixed_Phone_FWP_SC_9020_383-630x435 Цената за разговор на национално и на локално ниво во фиксната телефонија преку Македонски телеком од 1 март се изедначува и ќе изнесува еден денар.
“Повеќе ќе нема национални и локални повици. Се брише границата меѓу повици во еден град или повици од еден кон друг град, како што беше пракса порано. Сега сите стануваат национални, односно локални повици со цена од еден денар”, информира денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски.
Јавувањето од фиксен телефон на МТ кон мобилен наместо досегашните 9,99 денари ќе изнесува 6,99 денари.
Ордановски истакна дека фокусот кон корисниците останува примарна цел на АЕК и порача дека сите злоупотреби од операторите ќе бидат казнети.
На крајот на 2013 година на бесплатниот број за поплаки на АЕК 190 имало 71.000 јавувања и биле поднесени 2.024 приговори. Над 900 од доставените приговори биле за мобилни комуникациски услуги, а останатите за фиксни говорни и ТВ содржини.