Одржан деветтиот по ред Форум Social Business Day

67

На 28 и 29 јули во Бангког се одржа деветтиот по ред Форум Social Business Day ( Ден на социјалниот бизнис) којшто се организаира секоја година на роденденот на професор Мухамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир познат како Банкарот на сиромашните. Тој е воедно и advocate нa ООН за Целите за одржлив развој 2030. Се организира од страна на Јунус Центарот за социјален бизнис од Дака, Бангладеш, во партнерство со други оранизации од земјата домаќин на Форумот.

На настанот во присуство на 1.500 делегати од 60 земји беше нагласена потребата социјалниот бизис да се изучува и во основните училишта, а во правец на остварување на долгорочна одржливост. Воедно професор Мухамед Јунус е веќе и ментор на олимписките спортисти, кои ги насочува како после завршувањето на својат спортска кариера да станат претприемачи за социјален бизнис.

Темите на форумот беа во правец на градење на еко-систем на социјниот бизис, како: храна и земјоделство, дефорестација, зелена енергија, образование, здравство, технологија, спорт, култура, и ументност.

На отварањето, Нобеловецот Мухамед Јунус истакна дека човештвото се соочува се егзистенцијални предизвици заради негативното влијание од климатските промени. Го истакна и својот познат став дека парите никогаш не може да бидат синоним за среќа и дека среќата е таа која дава допринос во светот. Економската теорија е “вистинскиот виновник“ којшто ги тера луѓето да се водени од парите на сметка на среќата.

Неколкумина експерти и познати личности ја потенцираа неопходноста социјалниот бизнис да се постави на патеката на меинстрим бизнисот, наместо само да се применува како маргинализиран бизнис модел.

Темата на овогодинешниот Ден на социјален бизнис се базираше на мотото на професор Мухамед Јунус “Да заработуваш пари е среќа, да ги усреќуваш другите е супер среќа“.

На настанот учествуваа експерти, политичари, економисти, бизнис претставници и икони на социјалните иновации, претприемачи, социјални работници, активисти, истражувачи и студенти кои земаа свое активно учество.

Ватикан ќе го почести Нобеловецот Мухамед Јунус со “ Lamp of  Peаce”, награда којашто се доделува на оние кои работат во промовирањето на мирот и хармонијата.