ОКТА и оваа година ги израдува децата од училиштата Златен Сремец, Иднина и Св. Наум Охридски со новогодишни подароци. Како дел од предновогодишното изненадување што компанијата традиционално го организира за децата со посебни потреби беше и Дедо Мраз, кој во празнична атмосфера им ги подели подароците.
„Ова е деветта година по ред како ОКТА им приредува предновогодишно изненадување на децата со посебни потреби од овие училишта. Имајќи ја предвид радоста и возбудата со која нè дочекуваат секоја година, неминовно оваа наша донација прераснува во традиција. Како одговорен партнер на заедницата, веруваме дека сите деца заслужуваат да добијат посебно внимание, како и да ја почувствуваат магијата на новогодишните празници. Среќни сме што повторно успеавме да измамиме насмевка на нивните лица“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.
Покрај донацијата, ОКТА приреди и предновогодишна забава за дечињата и дружење со познатите македонски поп ѕвезди, Рената Кралевска и Виктор Апостоловски.
Трите училишта бројат околу 400 деца со посебни потреби, а вработените во тие установи велат дека децата со нетрпение ги очекуваат и им се радуваат на ваквите посети. Истакнувајќи ја благодарноста кон хуманиот гест на ОКТА, ги охрабруваат и останатите компании да го следат овој пример.