Окта: Солидните резултати продолжуваат како на домашниот, така и на надворешниот пазар

47

okta1

Окта, веќе трет по ред квартал, реализира подобрена профитабилност, како резултат на зголемениот пазарен удел и оперативните подобрувања, стои во соопштението.

“Следствено, реализираше зголемен волумен на продажба на домашниот и надворешниот пазар, надополнувајќи го намалениот приход од продажба како резултат на намалените цени на нафтените деривати на меѓународниот пазар споредено со истиот период минатата година, којшто заедно со оптимизацијата на трошоците оствари ЕБИТДА во износ од 188 милиони денари наспроти 136 милиони денари во третиот квартал во 2015 година. Во продолжение на претходно образложеното, добивката пред оданочување во износ од 302 милиони денари е речиси двојно зголемена во споредба со остварените 154 милиони денари минатата година“, стои во соопштението.

Генерирајќи ги овие значајни резултати од работењето, како што се наведува, компанијата продолжи дополнително да ја зацврстува својата финансиска позиција, покривајќи ги и планираните капитални трошоци, како и исплатата на дивиденда.

Во последниот квартал Окта продолжи да спроведува општествено одговорни програми со бенефит за заедницата. Заедно со своите вработени, компанијата започна хуманитарна акција за помош на граѓаните погодени од поплавите. Дополнително, препознавајќи ја потребата за промоција на културни настани во земјата, Окта обезбеди поддршка за организацијата на реномирани музички фестивали. Истовремено, фокусот на компанијата за развој на идните генерации се рефлектираше преку поддршката на проектот за млади лидери со различна етничка припадност, како и просперитет на надежни кошаркарски таленти.

“Компанијата како еден од двигателите на економијата овозможува непрекинато снабдување со горива за сите сектори, како и поддршка на развојот за оние што се директно поврзани со нафтениот сектор. Во исто време, Окта веќе ја има докажано својата посветеност и практичен придонес за благосостојбата на општеството“, стои подолу во соопштението.