ОНЕ со пораст на добивката ја заврши 2013 година

46

SELECT-Business-mak Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија за фиксна, мобилна телефонија и интернет и Диги Плус Мултимедиа за дигитални услуги соопшти дека има раст на приходите и добивката.

Вкупните приходи на компанијата, која е дел од групацијата на Телеком Словеније, во 2013 година изнесувале 79,9 милиони евра што е раст од 8% во однос на претходната година.

Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација EBITDA забележа значителен пораст и изнесува 14,4 милиони евра, што е 51% во однос на минатата година.

Оперативната добивка изнесува 1,2 милиони евра, со што се надмина негативата од 5,2 милиони евра од претходната година.

„На резултатот позитивно влијаеше надоместокот од одредени побарувања кон поранешниот сопственик на компанијата“, стои во соопштението.

Бројот на фиксните широкопојасни интернет претплатници на ОНЕ забележа пораст од 3% во споредба со крајот на 2012 година, и истиот изнесува 39.563 на крајот од 2013, додека приклучоците во фиксната и мобилна телефонија се намалија за помалку од 1% и изнесуваат 528.000.

Телеком Словеније инвестираше 20,5 милиони евра во Македонија во 2013 година, стекнувајќи лиценца за дополнителни фреквенции кои ќе овозможат нови технологии (LTE/4G), пораст од цели 11,3 милиони евра претходната година, стои на крајот од соопштението