ОПЕК плус го зголемува производството, цените на нафтата може да паднат за 10 проценти на 60 долари за барел

Картелот на нафтата ОПЕК плус континуирано го зголемува производството од април и покрај релативно ниските цени, што би можело дополнително да ги намали цените на овој енергетски производ, според анализата објавена од Европската централна банка (ЕЦБ).

Според моделите на Европската централна банка, доколку Саудиска Арабија продолжи да го зголемува производството за да го максимизира пазарниот удел, цените на нафтата би можеле да паднат за дополнителни 10 проценти на околу 60 долари за барел до 2027 година.

Слична ситуација се случи во 2014 година, кога зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите членки во комбинација со силниот раст на производството на шкрилци во САД предизвика пад на цените на нафтата за околу 34 проценти во последните три месеци од таа година.