Oтворена новата Неуромедика Болница, инвестиција од 8 милиони евра

93

neuromedika

Пред 25 години се формираше тим од двајца лекари и една медицинска сестра, означувајќи го на тој начин стартот на првата приватна поликлиника во Македонија, Неуромедика. Од тогаш до денес, Неуромедика постојано се развива, изгради бренд и е синоним за најсовремена болница опремена со последни техничко технолошки достигнувања од областа на медицината и со целосен тим од специјалисти и доктори, стои во соопштението.

25 годишното работење на Неуромедика, вчера вечер свечено и јубилејно се одбележа и прослави со отворањето на новата Неуромедика Болница, во центарот на Скопје. Директорот д-р Емил Угриновски лично на присутните им се заблагодари за присуството на овој голем и значаен ден.

Новата Неуромедика Болница е чиста македонска инвестиција од 8 милиони евра, од кои 3 милиони евра се инвестирани во медицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности. Инвестицијата во целост е на сопственикот и директор д-р Емил Угриновски. Новата Неуромедика Болница е на осум нивоа на вкупно 3.500 m², со 23 специјалистички ординации, најсовремено опремени болнички апартмани, 2 најсовремени хируршки сали, ургентен центар, дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура од брендот Siemens: магнетна резонанца 1.5 Tesla и компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, РТГ, ЕМГ, мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика, специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија, специјализиран центар за ортопедија и трауматологија, специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика, специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија, специјализиран центар за орална хирургија, специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице, стоматолошки центар, најсовремена биохемиска лабораторија.