Оваа туристичка сезона за Хрватска би можела да биде подобра од претходната. Веќе во март беа огласени 1.292 работни места за сезонски работи, што е за дури 73,2% повеќе отколку истиот месец лани, пишува Слободна Далмација.
Минатата година во сезоната спас нашле 6.000 невработени од сплитската Агенција за вработување, а годинава се предвидува дека ќе биде подобра.
Од сезонските вработувања, најмногу се бараат собарки, келнери, готвачи, рецепционери, продавачи и останати професии од туристичко – угостителската дејност. Работници бараат главно угостителските објекти на крајбрежјето на Јадранот, туристичките агенции и крузерите.
Годинава, освен стандардните побарувања, се бараат и готвачи специјалисти, сомелиери, велнес терапевти и нутриционисти.