Цените на услугите на плажите ова лето нема да се покачуваат, барем во поголемиот дел, изјави за софиски Труд претседателот на Здружението на концесионери на морските плажи, Иво Стефанов.
На градските плажи на Варна и Бургас, дневно изнајмување на чадор или лежалка ќе чини 1,5 евра. Во помалите туристички гратчиња цената може да биде 2 или 2,5 евра за чадор и уште толку за лежалка. Во најголемите летувалишта, цената ќе биде до 4 евра.