Маркет продава зеленчук од сопствена градина на кровот

52

Маркетот IGA Extra Famille Duchemin, во Монтреал на кровот има бавча од над 2.000 метри квадратни. Во неа сами одгледуваат околу 35 намирници кои ги продаваат во својот маркет. Косопственикот Ричард Душемин вели дека органскиот кељ, зелена салата, морков, грав, домат, кромид и спанаќ се продаваат одлично. Маркетот отворен во 2017 година исто така произведува и сопствен мед.

Бавчата е дизајнирана во облик на буквите IGA ,а Душемин се надева дека нивниот маркет ќе биде пример и за другите маркети кои продаваат прехранбени производи.

Тој до оваа идеја дошол по барањето на општината да се зазелени кровот за да се намали емисијата на штетни гасови.

Душемин смислил како овој проект да го направи попрофитабилен и засадил производи кои може да ги продава во својот маркет.

“Луѓето сакаат да купуваат домашни производи. Што има подомашно од ова?“, коментира Дачемин за Montreal Gazette.

Ова е добра вест, со оглед на тоа дека овошјето и зеленчукот често поминуваат илјадници километри додека стигнат до полиците на супермаркетите, а на тој пат губат и до половина од своите нутритивни вредности.

Кровната градина се наводнува со вода од системот за одржување на продавницата. Во друг случај таа вода би била фрлена, а кровот би станал дом за птици и инсекти.

Покрај останатите бенефити, зелениот кров ја намалува и потрошувачката на електрична енергија во IGA супермаркетот, овозможувајќи и дополнителен слој на термоизолација.

Фото: YouTube Printscreen