Фото: Pixabay
Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи опаѓање од 4,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3,5%, Капитални производи за 7,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%.
Индустриското производство во периодот јануари – март 2017 година, во однос на периодот јануари – март 2016 година, е намалено за 1,5%.