Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 98.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи опаѓање од 8.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20.9 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 22.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4 %, Капитални производи за 0.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 42.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 96.2.