Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември лани, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември 2016, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6%.
Во ноември 2016, во споредба со ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,8%.