Фото: Pexels
Шпански научници развиваат паметна четка за заби којашто може да детектира рани знаци на здравствени проблеми со срцето. Четката за заби зема информации од плунката на корисникот и прецизно ги детектира промените во организмот што упатуваат на кардиолошки заболувања, пишува Independent.
Кардиологот Алваро Марко дел Кастиљо, кој соработува со тим научници за изработка на ваква четка за заби, вели дека со информациите за срцевите отчукувања, крвниот притисок и биолошките примероци на плунка ќе биде можно да се спречи развој на опасни болести и ќе им помогне на пациентите да се грижат за своето здравје.
“Соработувам со една од водечките технолошки компании за овој проект. Досега, техничките и дизајнерските уреди се завршени, но ние ја чуваме тајната додека сите детали не се совршени“, вели Кастиљо. Тој верува дека новата паметна четкичка за заби може да го открие ризикот од потенцијална срцева слабост и да го охрабри корисникот доколку е потребно да се консултира со лекар.
Од тимот веруваат дека доколку нивниот изум успее. употребата на паметна четка за заби ќе стане рутински метод преку којшто ќе можат да се добијат важни информации за здравствената состојба.