Panasonic ќе гради паметен град во Колорадо

68

denver_hero_1250Panasonic планира да изгради паметен футуристички град наречен CityNow, којшто ќе се наоѓа близу Денвер, Колорадо, пишува Inhabitat.

Паметниот град ќе биде еден вид на експеримент за создавање на градови што ќе можат да “преживеат“ елементарна непогода и да функционираат со помош на чисти, обновливи извори и со инфраструктура што ќе го подобрува животот на луѓето.

denver-gallery-a

Проектот е започнат пред две години, а ќе зафаќа простор од 162 хектари. CityNow ќе биде транзитно ориентиран град со железница којашто ќе го поврзува Денвер со аеродромот.

Футуристичкиот град ќе има паметни патишта за самоуправувачки возила, а неговото комплетирање се очекува да биде за осум години.

Фото: Panasonic