Патувајте со стил

78

Пред Првата Светска Војна, багажите најчесто биле дрвени ковчези во кои се пренесувале потребните работи, но за наша среќа тоа повеќе не е така. Денеска можеме да патуваме со стил и стилот кој го негуваме со години да се одрази и на нашиот багаж. За таа цел, ви ја претставуваме листата со топ 5 најскапи сетови за патување по светот, а вие одлучете се кој ќе биде вашиот фаворит.

5. Tumi’s Alpha, 5.500 долари

Tumi-Alpha-Expandable-Briefcase

Tumi е американска компанија за производство на сетови за багаж и патнички куфери кои се познати во светот по модните додатоци за багаж. Alpha Luggage Set Collection е колекција која е многу практична за патување, бидејќи куферите имаат многу прегради кои се закопчуваат со патенти.

4. Swaine Adeney Brigg’s Windsor, 6.500 долари

800x800_fitbox-l17s37002005sa022

Swaine Adeney Brigg е една од најстарите компании кои произведува луксузен багаж во светот. Нивни најпознати клиенти се принцот Чарлс и Кралицата Елизабета Втора, по која компанијата има именувано и два сета куфери. Куферите се од кожа и се изработуваат рачно.

3. Valextra’s Avietta, 7.600 долари

21132_Barneys_Gift_58_060_v1

Ако сакате куфер изработен од најдобрата кожа, тогаш компанијата Valextra која се наоѓа во Милано е вистинскиот избор за вас. Овој сет е составен од куфери со различна големина изработени рачно во фабриката Кевлар.

2. Globe-Trotter’s James Bond Special Edition, 12.800 долари

globe-trotter-bond-collection-xl

Британскиот луксузен бренд за патување кој постои повеќе од 100 години, на својата 50-та годишнина ја лансираше линијата James Bond Special Edition. Сетот куфери се изработени рачно, а одредени делови се изработени со викторијански машини.

1. Louis Vuitton, 60.000 долари

louis-vuitton-luggage

Louis Vuitton е наjпознатиот светски бенд за изработка на луксузни багажи. Тие се познати по нивниот стил и одличниот квалитет кој соодветствува со цената. Историјата на компанијата започнува во 1845 година во Париз, кога Louis Vuitton започнал со изработка на ковчези за патување. Првата дизајнерска линија се појавила откако управувањето на компанијата го презел синот на Луи, Џорџ.