Овие пет часовници не се за секого. Всушност, нив можат да си ги дозволат само најбогатите луѓе во светот:
MB & F HM3 Frog
Ова е еден од најзабавните часовници за луѓето длабоки џебови. Дизајнот му е впечатлив и наликува на жаба, како двете куполи да ги претставуваат нејзините очи кои се изработени од кристал и алуминиум. Цената на овој часовник изнесува околу 100.000 долари.
Maitres du Temps Chapter One
За да го создадат овој часовник работеле тројца од најпознатите часовничари во светот. И неговата цена е импресивна и изнесува околу 400.000 долари.
Jean Dunand Palace
Овој часовник има најсофистициран механизам кој се продава во моментов. Чини повеќе од 400.000 долари.
A. Lange & Sohne Tourbograph Pour le Merite
Овој модел се произведува само во ограничени количини. Цената изнесува околу 600.000 долари.
Patek Philippe Sky Moon Tourbillon
Sky Moon Тourbillion е исклучително редок модел и поради тоа нема одредена цена за продажба. Од Patek Philippe годишно изработуваат една до три копии од моделот и тоа само по нарачка. Просечната цена на секој од нив изнесува околу 1,8 милиони долари.