Пет работи што ги прават само големите, вистински лидери

55

strelka-pexels

Фото: Pexels

Способностите на вистинските лидери се должат на вредното работење, искуството, визијата и малата доза на среќа. Тие се разликуваат од оние просечните по тоа што научиле како да бидат составен дел од промените кои времето ги носи, нешто што многу други лидери не го ни забележуваат.

Наоѓање на цел

Имање јасна цел е заедничка карактеристика на сите големи лидери. Тие знаат што сакаат и како тоа да го постигнат, додека оние просечните само одат на работа. Јасната цел ја поттикнува страста за работа и има голем удел во работната етика. Токму овие карактеристики ги воздигнуваат големите лидери над оние кои не ја разбираат динамичноста на јасната цел и она што таа навистина значи.

Луѓето на прво место

Лидерите не се ништо без луѓето, тие или ќе ве воздигнат или ќе ве срушат како лидер. Во зависност од тоа како лидерот ќе гледа на луѓето и како ќе ги третира, така и тие ќе го третираат него. Вистинскиот лидер ги почитува луѓето кои ги води, не се поставува како супериорен, учи од нив, а со тоа ја заслужува почитта и си обезбедува високо место и признание, првенствено како човек, а потоа како лидер.

Развивање на свеста

Големите лидери се свесни за себе и своите можности, свесни се за организацијата на својата компанија, културата и емоциите кои владеат. Тие го вреднуваат слушањето, вложувањето, набљудувањето и учењето. Во спротивно оние лидери кои се претставуваат дека знаат се, никого не залажуваат освен себе си.

Без комплексност

Комплексноста, односно сложеноста е голем непријател на лидерите. Оние вистинските се трудат да го елиминираат, односно да го симплифицираат сложеното во нивната работа. Комплексноста ја кочи иновацијата, го забавува прогресот и лошо влијае на целокупната култура во работењето. Токму затоа треба да биде сведена на минимум.

Блискост

Големите лидери знаат дека неуспехот да се оствари блискост со луѓето е всушност неуспех да се води. Просечните лидери се дистанцираат од своите вработени, додека оние вистинските настојуваат да ги запознаат луѓето кои ги водат и секогаш се грижат за нив. Тие знаат дека не е слабост да бидат перцепирани како грижливи човечки суштества и ја знаат моќта на блискоста, емпатијата, сочувството и добрината, а во тоа се крие најголемата сила.