Со оглед на тоа дека Салонот во Париз нема да се одржи во своето класично издание, Peugeot лансира 360-степено виртуелно разгледување на продажниот салон.
Peugeot во духот на својата 210-годишнина им излегува во пресрет на своите клиенти и фанови со лансирање на 360-степено „онлајн“ виртуелно разгледување на продажниот салон од 14 до 31 октомври, како и „live showroom“, наречен Salon Peugeot кој ќе биде достапен од 15 до 25 октомври на официјалниот вебсајт на француската компанија.
Салонот во Париз оваа година нема да се одржи во својата традиционална форма, а со оглед на тоа дека сите автомобилски манифестации се соочуваат со големи проблеми поради здравствената криза, Рeugeot повторно го реосмислува целиот начин за да пристапи до своите потенцијални купувачи, организирајќи ексклузивен настан, и вирутелен и во живо, кој е наречен Peugeot Show. Целта на овој настан е презентирање на сите нови главни продукти во „претопувачко“ 3D искуство. Искуство, за кое од француската компанија велат дека не смее да се пропушти.
Сето ова доаѓа по лансирањето на целосно дигиталната Peugeot продавница, а од 14 до 31 октомври, специјализираниот сајт ќе им овозможи на сите заинтересирани да ги откријат и разгледаат Peugeot производите во виртуелно шоу, што всушност ќе претставува 3D реконструкција на Peugeot штандот. Ова ќе ви овозможи да ги разгледате новите производи преку вашиот паметен телефон, таблет или PC.
На Salon Peugeot настанот ќе бидат претставени целосно новиот Peugeot 508 PSE, електричните верзии на Peugeot 208 и 2008, како и хибирдните верзии на новиот Peugeot 3008 и 5008.
Ден подоцна започнува настанот во живо со сите нови продукти кои ќе бидат претставени на физички штанд. Тука ќе бидат присутни и експерти за демонстрации „еден на еден“, како и онлајн продавачи кои ќе бидат достапни за купувачите преку кои ќе можат да се извршуваат продажби преку ексклузивни понуди. Овој настан ќе се одржува од 15 до 25 октомври.
Преземено од Avtoplus.mk