Фото: Philips
Холандската компанија Philips го купува американскиот производител на иновативни уреди за лечење на срцеви болести Spectranetics, пишува Reuters. Philips за американската компанија ќе плати 1,9 милијарди евра.
Spectranetics разви уреди кои со ласер и мали балони обложени со лекови ги прочистуваат вените и артериите. Очекувањата на Philips се Spectranetics оваа година да оствари продажба од 300 милиони долари.
Во изминатите пет години извршниот директор на Philips, Франс ван Хутен се фокусираше во развивање на здравствениот сектор на компанијата.