Холандската компанијата за електроника Philips за прв пат креираше паметен систем за осветлување за надворешен простор, тераси, дворови, балкони, патеки и градини.
Она што е новитет е дека боите можат да се прилагодуваат со помош на мобилна апликација или преку гласовните асистенти Alexa и Google Assistant.
Philips Hue Lily е ламба наменета за градината којашто може да свети во 16 милиони нијанси, а доаѓа во пакување од три модели и чини 299 евра. Philips Hue Calla е осветлување дизајнирано за малите патеки пред домот и ги нуди истите можности со боите како и Hue Lily, по цена од 105 евра.
Philips исто така нуди и верзија на таканаречена “бела“ светлина којашто може да свети во различни нијанси на бело, од поладни кон потопли тонови. Светлината може да се програмира според потребите на корисниците, да се пали и гасне во текот на денот и ноќта. Цената на овие “бели“ модели изнесува 70 евра.
Паметниот систем за надворешно осветлување на Philips ќе биде достапен за европскиот пазар од јули.