Металац и Плазма се најдобри брендови во Србија за претходните 10 години. Тие се победници на 10-тата акција Најдоброто од Србија во организација на Стопанската комора на Србија. Металац е прогласен за најдобар корпоративен бренд во последните 10 години, а Плазма за најдобар стоков бренд во претходната деценија, јавува Танјуг.
Оваа година конкурирале 175 брендови за ова престижно признание, а прогласени се 23 победници за 2013 година.
За најдобар извозник за 2013 година победник е Фиат автомобили Србија како голема компанија, а во категоријата мали и средни, победник е Bioenergy point. Во категоријата корпоративен бренд, наградени се Бамби, Нектар, Хемофарм, Алфа Плам, Мона, НИС, ДИС и Енергопроект Ентел.
Во категоријата стокови брендови, наградени се Искон масло, Јелен пиво, Мерикс, Металац садови, Extreme intimo и хибридот на сончоглед Сумо 1 ПР.
Најдобар странски бренд кој работи во Србија е Coca Cola Hellenic, а најдобро воведување на странски бренд на српскиот пазар е Gazprom petrol stations.
Најдобро јавно, државно или доминантно државно претпријатие е Телеком Србија, а најдобар бренд со заштитено географско потекло е футошка зелка.