Поддршка од државата ќе добијат 400 невработени лица, кои од утре ќе можат да аплицираат на огласот за грант во вредност од 3.000 евра.
“Ова е одлична можност да добијат поддршка и да се самовработат, да развијат сопствен бизнис кој ќе придонесе и во развојот на македонската економија и во отворање нови работни места“, рече денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и обука за претприемништво, ескпертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.