Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, додека другите горива и оваа недела ќе се продаваат по иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еден литар Еуросупер БС – 95 оваа недела ќе биде 67,50 денари. Бензинот Еуросупер БС – 98 и оваа недела ќе се продава по 70 денари за литар, додека дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по цена од 62 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар за литар, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.
Фото: Pixabay