Поевтинуваат горивата

116

Бензините поевтинуваат за 1,50, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за пола денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 поевтинуваат за 1,50 денари, па нивните нови цени се 60, односно 62 денари за литар.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде за пола денар пониска и ќе изнесува 53 денари. За пола денар поевтинува од Екстра лесното масло за домаќинство што ќе се продава за 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,215 ден/кг.

Фото: Freepik